Што му се случува? Мистерија на германскиот град во кој што тлото се подигнува, а зградите распаѓаат...

Точка

10/08/2020

15:17

7.150

Големина на фонт

а а а

„Кога Германецот ќе направи нешто, тогаш тоа е квалитет“, се смета кај нас и во Европа.

Познати по својот ред, работа и дисциплина, тешко е да се замисли на Германците нешто да не им оди според планот. Но, некогаш тоа се случува...

На самата периферија од Германија, покрај границата со Франција и покрај т.н. Црна шума лежи гратчето Стауфен.

Тоа е познато по својот стар дворец на врвот од брдото преполно со лозја.


Задоволните туристи не си одат од градот без едно шише домашно вино.

Но, исто така ова разновидно гратче изобилува и со неверојатна архитектура и необични натписи на зградите.

Поставени во облик на селотејп кој што се обидува да ги заштити зградите од пукнатините, тие пренесуваат порака: „Стауфен не смее да се распадне“.

Успорена катастрофа

Градот за само една година потонува и пак се издигнува за 10 до 15 центиметри, а некои делови од градот ''пораснале'' за 30 центиметри. Тоа предизвикало штета во облик на пукање на зградите.

Се смета дека до штетата дошло како последица на акцијата за бушење пред околу 10 години.


Целта била да се осигура геотермално греење против градската жештина, но тоа создало притисок на подземните води и хемиска реакција од која што тлото се подигнало, а зградите почнале да пукаат.

Иако властите презеле чекори за санирање на штетите, тлото и понатаму незапирливо се ''движи''.

Од првото пукање до денес, градот се издигнал во висина од половина метар и уште толку во ширина.





Спонзорирани линкови

Маркетинг