Пристигнува септември, месецот во кој се прави зимница, а еве еден од начините како да ја подготвите.
- 2,5кг. пиперки
- 2,5кг. домати
- 1кг. модар патлиџан
- неколку лути пиперки (по желба)
- свеж магдонос
- 3-4 шечниња лук
- 350мл. масло
- сол
- шеќер
- 200мл. вински оцет
Пиперките, доматите и модрите патлиџани испечете ги. Потоа излупете ги и исечете ги на коцки. Пиперките исецкајте ги на ленти, и почнете со готвење. Во голем сад ставете масло, оцет и домати, додадете една лажичка сол и една лажичка шеќер.
Гответе додека не испари водата, околу 50-60 минути. Потоа додадете ги пиперките и модрите патлиџани, и продолжете со готвењето. На крајот додадете го лукот и ситно исецканиот магдонос.
Промешајте за сè убаво да се соедини. Во стерилни жешки тегли ставете го направениот пинџур. Потоа убаво затворете ги и ставете ги во рерна на 90 степени, 60 минути. Потоа исклучете ја рерната и оставете ги да преноќат.