Нови тензии на Медитеранот: Турција испраќа брод во спорно подрачје, грчката армија на готовс...

Точка

10/08/2020

13:53

4.089

Големина на фонт

а а а

Турската воена морнарица соопшти денес дека бродот „Орук Реис“ во следните две седмици ќе спроведува истражувачко бушење во спорното подрачје на источниот Медитеран, а тоа дефинитивно ќе ги зголеми тензиите со Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веднаш го свика Советот на национална безбедност, а на состанокот присуствувале и министрите за одбрана и надворешни работи.

Министерот во грката влада, Јоргос Герапетритис изјави дека Атина е во целосна „политичка и оперативна подготвеност“.


Двете земји членки на НАТО Алијансата полагаат право на природните ресурси во тој дел од Медитеранот. Слична најава на Турција минатиот месец ги зголеми тензиите, а ескалација спречи германската канцеларка Ангела Меркел после чија интервенција Турција ги повлече бродовите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот изјав дека Турција продолжува со истражувањето на нафта и гас во истониот дел од Медитеранот, затоа што Грција не ги исполнила ветувањата во врска со тие активности во регионот.


Ердоган го изјави тоа само еден ден подоцна откако Грција потпиша договор со Египет со кој се поставува поморската граница помеѓу двете земји и се обележува ексклузивна економска зона за право на истражување на нафта и гас.

Ердоган тој договор го нарече „ништовен“ и оцени дека претставува одговор на договорот на Турција со меѓународно признатата либијска влада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг