Бредли Купер во врска со познатата актерка: Холивудскиот заводник не ја тргал насмевката од лицето

Кармин

10/08/2020

09:52

7.417

Големина на фонт

а а а

Ирина Шајк и Бредли Купер беа еден од омилените парови во Холивуд. Сепак, манекенката не го издржа притисокот од медиумите и гласините што нејзиниот партнер го поврзуваа со бројни жени.

Врската со Лејди Гага, која никогаш не беше потврдена, беше капката која ја прелеа чашата. Ирина и Бредли се разделиле со договор дека минимум 6 месеци по раскинувањето нема да се појават со нов партнер во јавноста.  


Холивудскиот заводник, по раскинувањето со Шајк го поврзуваа и со актерката Кејти Холмс, но новите папарацо фотографии откриваат дека оваа позната холивудска актерка е можеби новата девојка на Бредли.

Актерката Џенифер Гарнер пред само неколку дена објави дека ставила крај на долгогодишната врска со адвокатот Џон Милер, а само еден ден подоцна била фотографирана на плажа со Бредли Купер, кој не ја тргал широката насмевка од лицето.

Иако Гарнер тврди дека ѝ е доста до врски и дека дошол период во кој сака да биде сама, таа уживала во друштво на холивудскиот актер и неговата ќерка Ли, која ја има од врската со Ирина Шајк.

Џенифер Гарнер има деца од бракот со Бен Афлек – 14-годишната Вајолет, 11-годишната Серафина Роуз Елизабет и 8-годишниот Семјуел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk