Според најновите најави, фудбалерот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц се согласил на договор со тимот на Челси.
„РМК Спорт“ пренесува дека 21 годишниот фудбалер ги договорил личните услови со тимот на Челси и пуштил рака за петгодишен договор.
Сега кога тимот од „Стемфорд Бриџ“ и официјално испадна од Лигата на шампионите, Френк Лампард ќе се насочи кон ангажман на нови фудбалери.
Хаверц е високо на приоритетната листа, а потоа ќе следи ангажман и на еден голман, веројатно Андре Онана и еден лев бек.
Челси е заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Серхио Рехулион, а се распрашува и за ангажман на Бен Чилвел.