Германија ги предупреди граѓаните да не патуваат во делови на Бугарија и Романија

Макфакс

09/08/2020

17:01

1.989

Големина на фонт

а а а

Германската влада ги предупреди своите граѓани да не патуваат во делови од Бугарија и Романија, поради големиот пораст на заболени со коронавирус во тие земји.

Новото предупредување се однесува на области кои се популарни кај туристите, вклучително и Варна во Бугарија.

Бугарските претставници за туризам ги отфрлаат наводите дека не вовеле доволно заштитни мерки против вирусот.

Во Бугарија денеска се потврдени 134 нови случаи на Ковид-19, што е 61 помалку од претходниот ден, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 13.343, вклучително 749 медицински работници.

Од коронавирус починале уште тројца луѓе, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 445.



Спонзорирани линкови

Маркетинг