Кога најголемото воено злосторство ќе добие реприза: На денешен ден експлодираше атомската бомба во Нагасаки

Точка

09/08/2020

14:31

3.583

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа како овој чин е прераскажан и аргументот дека војувањето на јапонскиот брег би резултирало со далеку поголем број на жртви, не може да се негира дека атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки е страшно воено злосторство, едно од најголемите во историјата.

Овој хорор доаѓа во „двојна доза“, затоа што Американците откако го разурнаа градот Хирошима, фрлија уште една атомска бомба, а нивна втора мета беше Нагасаки.

На 9-ти август 1945-та година Американците не им дозволија „одмор“ на Јапонците повеќе од 48 часа. На денешен ден пред 75 години со користење на иста тактика од веќе успешниот напад на Хирошима, американската армија со цел да стави конечен крај на Втората светска војна од базата Тиниан испрати бомбардери кои со атомска бомба го срамнија со земја Нагасаки.


Првичниот план бил да се изведе второ бомбардирање една седмица подоцна, но дошло до промена со цел да се избегнат лошите временски услови. Целта на второто бомбардирање бил градот Кокура. Нагасаки бил секундарна мета, односно требало да биде нападнат доколку нешто тргне наопаку изведувањето на операцијата за напад на Кокура. Суровата судбина за жителите на Нагасаки била токму нивниот град да се најде на мета на американските бомбардери.

Од борбената формација на авиони кои учествувале во нападот, еден авион доцнел 30 минути, со што веќе се групирале утринските облаци. Поради намалената видливост не било можно исфрлање на бомбата. Американските авиони носејќи ја атомската бомба “Fat Man” кружеле над Кокура уште три пати, а откако се соочиле со опасност од тоа да останат без гориво, добиле наредба за напад на Нагасаки. Во тие моменти станало јасно дека авионите нема да имаат гориво да слетаат на Иво Џима и ќе мора да слетаат на Окинава.

На патот од Кокура кон Нагасаки, авионите добиле наредба доколку времето во Нагасаки исто така е облачно, да продолжат кон Окинава и бомбата да ја исфрлат во океанот. По пристигнувањето над Нагасаки повторно биле забележани облаци, а неколку облаци повеќе би можеле да ги спасат жителите на градот.


Кога веќе било извесно дека нападот се откажува, капетанот Кермит Бихан, можеби и неколку секунди пред дефинитивното откажување на мисијата, точно во 11:01 часот јавува: „Целта е видлива“.

Бомбата се испушта, а при експлозијата еднаква на 21 килотон ТНТ се создава топлина од 3600 степени и потисен облак со брзина од 1005 километри на час. Експлозијата во истиот момент убива 75 илјади луѓе, а градот е до темел уништен.

Јапонскиот цар Хирохито веќе на 12-ти август потпишува капитулација. Да не се согласел на тоа, бројот на жртви би бил уште поголем со оглед на тоа што денес се знае дека САД имале во план уште 6 атомски бомбардирања во следните три седмици.


По завршувањето на Втората светска војна веднаш започнало забрзано развивање и производство на нуклеарните бомби во САД и СССР. По бомбардирањето на Јапонија биле тестирани над 2 илјади бомби, а на самиот врв од атомската сила стигнале Советите со детонирањето на „Цар бомбата“ во 1961-ва година на архипелагот Новаја Земја.

Цар Бомбата“ имала сила еквивалентна на неверојатни 50 милиони тони ТНТ. За споредба, атомската бомба која целосно го уништи Нагасаки имала сила од „само“ 13 илјади тони ТНТ. САД и СССР до средината на 60-тите заедно поседувале преку 7 илјади атомски бомби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг