Тотенхем утре го комплетира својот прв трансфер во пресрет на следната сезона

Дерби

09/08/2020

12:20

2.252

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо во текот на утрешниот ден ќе го добие своето прво големо засилување во пресрет на следната сезона.

Тотенхем постигнал конечен договор со Саутемптон за трансферот на Пјер- Емил Хојберг кој ќе биде официјализиран утре кога играчот ќе ги помине медицинските прегледи.

Клубот од Северен Лондон на Саутемптон ќе му исплати сума од 15 милиони фунти, а во договорот се вклучени и некои бонуси.

Во спротивен правец ќе се пресели младиот бек Кајл Вокер- Питерс кој и оваа сезона го носеше дресот на „светците“ но само како позајмен фудбалер.

Вокер- Питерс ќе потпише договор за сума од 12 милиони фунти, но за тој трансфер да се комплетира треба да се договори играчот кој се уште нема постигнато договор за личните примања на „Сент Мери“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг