ПСЖ прави изненадувачки трансфер од Премиер лигата?

Дерби

09/08/2020

12:19

2.009

Големина на фонт

а а а

Медиумите во Англија пренесуваат дека ПСЖ е пред комплетирање на доста изненадувачки трансфер на играч кој играше во Премиер лигата.

Имено, францускиот шампион е заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Борнмут, Џошуа Кинг за да ја засили офанзивната линија од тимот.

Кинг кој го привлече вниманието на неколку англиски клубови се најде на радарот и на ПСЖ кој спроред финансиската моќ секако дека е фаворит за неговиот потпис.

„Сан“ пишува дека освен ПСЖ интерес за Џошуа Кинг кој би чинел околу 25 милиони фунти има и од Евертон, Њукасл и Брајтон, а за него се распрашуваат и два клуба од Серија А, Лацио и Рома.

Минатиот јануари малку фалеше Џош Кинг да се пресели во Манчестер Јунајтед, но тогаш Борнмут ја одби понудата на „ѓаволите“ кои подоцна го ангажираа Одион Игало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг