Премиерот на Либан предлага предвремени избори: Падна крв на демонстрациите во Бејрут

Точка

08/08/2020

21:44

2.333

Големина на фонт

а а а

Либанскиот премиер Хасан Дијаб денеска најави дека ќе предложи одржување на предвремени избори во таа земја, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Дијаб во ТВ обраќање ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и заедно да работат. 

Тој додал и дека е спремен да остане на функција во наредните 2 месеци за да им даде време на политичарите да ги применат структурните реформи.


Во центарот на Бејрут избија насилни демонстрации во кои денеска загина еден полицаец, а се повредени повеќе од 100 луѓе.


Во експлозијата во пристаништето во центарот на Бејрут, според последните податоци, загинаа 158 лица, повредени се повеќе од 6.000, а 21 лице се води како исчезнато.


Страшната експлозија на бејрутското пристаниште беше предизвикана од повеќе од 2.700 тони амониум нитрат кој бил 6 години чуван во складиште, откако го конфискувала царинската служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг