Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Точка

08/08/2020

16:03

3.074

Големина на фонт

а а а

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или избегнувале да одат во здравствена установа плашејќи се од заразата.

Тоа го покажува официјалниот документ на британската влада. 

Од коронавирус, според официјални податоци, починале 46.000 луѓе во Велика Британија. Меѓутоа, последиците од карантинот кој бил воведен за да спречи ширење на епидемијата се исто така драматични, покажува документот на владината Научна советничка група за итни случаи.

Според тие податоци, на три смртни случаи од коронавирус, доаѓаат два предизвикани од последици од карантинот, пренесува "Sputnik".

До почетокот на мај, како што се наведува, во Британија починале 16.000 луѓе кои не можеле да добијат соодветна лекарска помош, додека 6.000 починале бидејќи не се јавиле на лекар од страв да не се заразат.

Податоците на Министерството за здравство и Националното статистичко број покажуваат дека починале и 10.000 луѓе кои биле пуштени од болница во текот на пандемијата.

Советничкото тело на британската влада прогнозира дека уште 26.000 луѓе би можеле да ги загубат животите во наредните месеци поради мерките за карантин и рестрикциите во здравството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг