Орландо и Бруклин со место во плеј-офот, заврши серијата на Торонто

Макфакс

08/08/2020

13:36

915

Големина на фонт

а а а

Во синоќешните натпревари во НБА лигата за издвојување е победата на кошаркарите на Бруклин Нетс против Сакраменто Кингс со 119-106. Со овој триумф Бруклин си обезбеди место во доигрувањето.

Карис Леверт со 22 поени беше најефикасен во победничката екипа, а 21 на своето конто имаше Харис.

Кај „кралевите“ Богдан Богдановиќ забележа 27 поени и 6 скока.

И покрај синоќешниот пораз на Орландо од Филаделфија со 108-101, „магичните“ повторно обезбедија пласман во плеј-офот. Тобијас Харис и Џоел Ембид постигнаа по 23 поени, а Буркс додаде 22 во победата на Филаделфија.

Прв пораз по рестартот на сезоната во НБА доживеа шампионот Торонто Репторс. Бостон ги совлада со високи 122:100.

Најефикасен кај Бостон беше Браун со 20 поени, Тајтум постигна 18, додека Кемба Вокер мечот го заврши со 17 поени.

Резултати од сите ноќешни натпревари: Бруклин – Сакраменто 119-106, Филаделфија 76 – Орландо 108-101, Њу Орлеанс – Вашингтон 118-107, Торонто – Бостон 100-122.



Спонзорирани линкови

Маркетинг