Холивудската актерка Ева Лонгорија (45) за време на пандемијата на коронавирусот работела на својата линија и многумина велат дека ја довела до совршенство.
Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“, која е мајка на синчето по име Сантјаго Енрике, неодамна се пофалила со фотографија од теретана, а покрај тоа и колку била задоволна со својот резултат од вежбањето.
За тоа дека Ева Лонгорија во 5-та деценија има сексапилна линија, сведочат и фотогафиите во костим за капење кои ги објавила.
Обожавателите ја пофалиле и ѝ порачале дека изгледа неверојатно.