SpaceX лансираше нови 57 Starlink сателити, ракетата успешно се врати назад

Точка

07/08/2020

17:26

2.030

Големина на фонт

а а а

Компанијата SpaceX успешно лансираше нова група на сателити на интернет мрежата Starlink, како и уште два опсервациски сателити.

Со помош на ракетата Falcon 9, во орбитата беа лансирани 57 Starlink сателити, како и уште два BlackSky Glober Earth опсевациски сателити. Лансирањето беше извршено од рампата Pad 39A во вселенскиот центар „Кенеди“ на американската вселенска агенција „НАСА“.

Тоа беше петтото лансирање на истата Falcon 9 ракета која успешно слета на бродот Of Course I Still Love You во Атлантскиот океан, само осум минути по полетувањето.

Не пропуштајте: Точка ТВ: Светли точки над нашето небо неодамна ги збунија граѓаните: За што станува збор?

Новите 57 Starlink сателити станаа дел од интернет мрежата која веќе ја сочинуваат стотина сателити. Основачот и директорот на SpaceX, Илон Маск изјави дека се потребни од 400 до 800 сателити во орбитата за Starlink мрежата да овозможи максимална покриеност.

Најновата група на сателити е нешто поинаква од другите затоа што на себе имаат визир дизајниран за спречување на рефлексијата на сончевата светлина со цел да бидат што е можно помалку на ноќното небо. Токму поради видливоста на сателитите се пожалија астрономите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг