Точка ТВ: Бизарни љубовни врски кои ќе ве шокираат (Втор дел)

Точка

07/08/2020

21:03

6.444

Големина на фонт

а а а

Можете ли да поверувате дека еден маж ја се развел од својата сопруга затоа што се заљубил во копир апарат? Да, тоа е точно, следната листа која ви ја подготвивме целосно ќе ве шокира.

Додека некои од овие случаи ќе ве насмеат или згрозат, некои ќе предизвикаат емотивни дилеми и никогаш нема да ви биде чудно што вашата сосетка е заљубена во Бред Пит и сака да има со него четири деца.

Не пропуштајте: Точка ТВ: Бизарни љубовни врски кои ќе ве шокираат (Прв дел)


Чанг и Енг Бункер биле споени близнаци од Сијам (по што оваа здравствена состојба е наречена). Со оглед на тогашниот развој на медицината, тие не биле раздвоени, а откако добиле американско државјанство, набрзо се збогатиле и тргувале со робови. Во 1843-та година се ожениле со две сестри - Аделаида и Сара Ен. Чанг и Аделаида имале 10 деца, а Енг и Сара Ен имале 12 деца. Откако сопругите им се скарале, тие се поделиле во две домаќинства, па Чанг и Енг живееле три дена во еден, а три дена во друг дом.

Марија Грифин од Калифорнија со години живеела во страв дека е асексуална затоа што други луѓе воопшто не ја привлекувале. Според нејзините зборови, првиот оргазам во животот го доживеала фантазирајќи за зградата Крајслер во Њујорк. Со текот на времето започнала да развива чувства за автомобили, посебно оние на Форд. Не можејќи да продолжи да лаже дека сака мажи, таа купила пикап на Форд и се омажила за него. Медениот месец го поминале кампувајќи, а Марија вели дека нивниот сексуален живот е здрав и активен.

Господинот Уве и неговата мачка. Кога 15-годишната мачка Сесилија се разболела, нејзиниот сопственик Уве Митшерлих одлучил да ја однесе на ветеринар. Кога слушнал дека мачката нема уште многу да живее, Уве одлучил дека време е да ја официјализира нивната врска, односно да се ожени со мачката.


Ли Јин-Гај се оженил со перница наречена „дакимакура“, што во превод значи „холандска сопруга“. Дакимакура често може да се најде во аниме цртаните и служи за прегрнување кога крај вас не е вашиот сакан или сакана. Конкретно, на перницата на Ли се наоѓа Фејт Тестароса, неговата омилена аниме хероина. Тој перницата ја носел на вечери и слично, а во 2008-ма година се оженил со неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk