Таткото на Исидора Бјелица низ солзи за нивната последна средба: „Тато ти донесе три книги, а ти не се будиш...“

Точка

06/08/2020

21:32

10.487

Големина на фонт

а а а

Таткото на авторката Исидора Бјелица, која што вчера ја загуби битката со ракот и почина, проговоре за нивната последна средба...

„Последниот ден во болницата „Свети Сава“ ѝ однесов насловни страници од три наши нови книги „Го видовме целиот свет 2“, „Три магични Исидори“ и „Његош и црногорската убавица“.

Љубезниот персонал ми дозволи да влезам, медицинската сестра се обиде да ја разбуди. Рече: „Иси, дојде татко ти за да ги видиш вашите нови книги од над 200-те“.

Не се разбуди. Збогум, моја најдобра ќерко на светот! Твојој татко Бјели, со кој што го обиколи целиот свет“ .


Внукот на Димитри, Лав Пајкиќ вели дека последните месеци за Исидора биле најтешки:

„Последните три месеци од нејзиниот живот на сите во семејството ни беа најтешки. Но, таа беше голем борец и херој и успеа да се бори максимално.

Ќе продолжиме по нејзина желба да шириме љубов, која што таа ја промовираше. Веројано некои работи нема да можам да ги правам како порано, кога ги правев додека таа беше тука, но рано ми е да зборувам за тоа затоа што сè се случи скоро“ - изјавил Лав низ солзи. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг