Совршената жена постои само на фотографии, но во реалноста е поинаку: некои од нас се борат со целулит, други со вишок килограми и тоа е сосема во ред – порачуваат овие познати дами.
Целулитот ја мачи речиси секоја жена, а во денешно време како да е срамота да се има некоја несовршеност на телото. Во ерата на Фотошопот и социјалните мрежи, се наметна правилото дека сите жени мораат да изгледаат совршено, кожата да им биде блескава, лицето без брчки, а извајаните нозе и стомак се подразбираат.
Во морето познати личности кои му потклекнаа на овој тренд и не се осмелуваат да објават фотографии без обработка, овие 3 дами се едни од ретките кои гордо го покажуваат своето тело и испраќаат порака дека е сосема во ред да се биде несовршен и дека токму во тие мали несовршености лежи магијата на секоја жена.
“Не мораме сите да бидеме исти и не сакам да изгледам како секоја друга жена. Имам целулит и вишок килограми и не се срамам од тоа”, изјавила Деми Ловато во една прилика.
Со овие фотографии, дамите сакаат да испратат важна порака до сите жени. Вистинската жена изгледа вака…