Фејсбук ја отстрани објавата на Трамп за коронавирусот: Видеото ширеше дезинформации...

Точка

06/08/2020

10:00

2.045

Големина на фонт

а а а

Социјалната мрежа Фејсбук го отстрани видеото на кое американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека децата се речиси имуни на Ковид-19, со образложение дека со тоа се прекршени правилата на компанијата против ширењето на дезинформации за коронавирусот.

„Тоа видео содржеше лажни тврдења за наводна имуност на одредена група на Ковид-19, што е прекршување на нашата политика против ширењето на дезинформации за болеста“, соопштија од социјалната мрежа.

На видеото кое беше објавено на „Фокс“, Доналд Трамп вели дека училиштата треба повторно да бидат отворени.

„Мојот став е дека училиштата треба да бидат отворени. Ако ги погледнете децата, тие се речиси, би рекол речиси дефинитивно имуни на оваа болест“, изјави Трамп, објаснувајќи дека децата имаат посилен имунитет и немаат проблеми од коронавирусот.

Сепак, овие тврдења не се научно докажани и поради тоа, за прв пат Фејсбук отстрани објава на американскиот претседател поради ширење на дезинформации за коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг