Српската писателка Исидора Бјелица, починала денеска на 52-годишна возраст по долга и тешка битка со карциномот.
Бјелица починала во станот на нејзините родители, во Нов Белград, потврдила за српските медиуми нејзината сестра.
Пред само еден месец таа проговори за битката со карциномот која ја води од 2012-та година.
„Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Но, ова се така страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Исус да ми прости и да заврши оваа агонија. Сè што беше во моја моќ се обидов, но за што? За ништо. Сигурно за само што повеќе и повеќе болка. За жал, изолацијата ми дојде преку глава за мојата примарна болест. Простете. Господе Исусе Христе, помилувај ме мене грешна“, објави на својот Фејсбук профил пред еден месец Бјелица, а обожавателите ѝ праќаа пораки со поддршка.
Бјелица живееше и работеше во Белград. Сопруга е и мајка на две деца. Како телевизиски автор работела на повеќе проекти. Автор е на 40 книги посветени на различни генерации.