Тажната реалност на Скопје: Во Вардар после дождот пловат илјадници шишиња

Точка

05/08/2020

20:20

2.384

Големина на фонт

а а а

Дождот повторно го преполни коритото на реката Вардар, а со тоа го донесе и целиот отпад од депониите што го собира реката.

На денешните снимки направени од активисти на „Не биди ѓубре“ се гледаат илјадници шишиња како пловат по реката, пренесува „а1он“.

Истата слика се гледа секоја година, особено по обилни дождови. Ситуацијата и понатаму останува иста, со оглед дека свеста на граѓаните е на ниско ниво, а активностите на Министерството за животна средина за решавање на проблемот со загадувањето - очигледно изостануваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг