Каролина Гочева ретко открива детали од приватниот живот, а нејзините фанови се пресреќни кога ќе објави фотографија на социјалните мрежи.
Па така, Гочева вчера објави неколку фотографии од Пелистер, каде што ужива во природните убавини со нејзините најблиски - сестра ѝ Александра и внуките Луција и Инес.
Таа во описот на фотографиите напиша: „Ден исполнет со убавина“.
Доказ дека Гочева е приврзана со двете свои внуки се и фотографиите од претходно.
фотографиите собраа повеќе од 8.000 лајкови, а под нив се нижат коментари од воодушевените следбеници.