Испливала снимка! Лидерот на Хезболах му се заканувал на Израел со експлозија како во Бејрут: Имаме "нуклеарна бомба" од 15.000 тони амонијак

Точка

05/08/2020

20:15

5.005

Големина на фонт

а а а

Лидерот на либанската екстремистичка организација Хезболах, Хасан Насрлах, пред извесно време се заканувал дека ќе го уништи Израел со голема експлозија.

Проиранскиот шиитски Хезболах исто така наводно се обидувал да се снабди со анониум нитрат преку Сирија од 2009-та година и да се инфилтрира во Министерството за земјоделство на Либан за да успее во таа намера, наведуваат израелските медиуми повикувајќи се на протечени дипломатски телеграми. 

Архивските снимки со такви закани се појавиле на социјалните мрежи по вчерашната голема експлозија во пристаништето во Бејрут, каде загинале најмалку 100 лица, а ранети биле повеќе од 4.000, додека стотина се исчезнати.

Во февруари 2016-та година Насрлах рекол дека во Хаифа во Израел има 15.000 тони амонијак и дека во случај на експлозија би можеле да загинат илјадници луѓе.

"Со други зборови, имаме нуклеарна бомба. Тоа не е претерување", вели Насрлах на видео снимката и додава дека Хезболах се воздржувал да предизвика таква експлозија во едномесечната војна против израелската војска во 2006-та година.

Во 2017-та година повторно споменувал резерви на амонијак, оценувајќи дека Израел донел одлука да се испразнат резервоарите поради неговите закани.

Таа видео снимка била објавена по вчерашната експлозија која прикажала дека амониум нитратот, соединението кое довело до експлозијата на годината, со години стоело неправилно складирано во бејрутското пристаниште.

Министерството за заштита на околината во Израел во 2017-та година најавило дека повеќе нема да го полни резервоарот со амонијак во Хаифа на брегот на Средоземното море, бидејќи тоа претставува сериозна закана за јавното здравје, посебно по заканите на терористите дека би можеле да го гаѓаат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг