Бенитез со крајно чуден потег ја „поздрави“ лошата игра на својот тим

Дерби

05/08/2020

17:11

2.404

Големина на фонт

а а а

Искусниот шпански стратег, Рафаел Бенитез се соочува со турбулентен период во својот тим, Далиан Про.

Бенитез заедно со својот тим вчера загубија во дербито против Џијангсу со 2:1, а колку лошо му падна играта на своите пулени покажува еден потег на шпанскиот стратег.

Во еден момент Бенитез замина зад клупата на резервни фудбалери и беспомошно гледаше кон трибините.

Ваквиот потег на тренерот е досега ретко виден на фудбалските терени, па токму затоа видеото од очајничкото движење на Бенитез стана вирално на социјалните мрежи.

По крајот на натпреварот Рафа Бенитез само кратко истакна дека воопшто не бил задоволен од играта на својот тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг