„Конами“ во најавата за ПЕС откри големо засилување на Арсенал

Дерби

05/08/2020

17:10

2.245

Големина на фонт

а а а

Англискиот Арсенал веќе неколку години со ред има ексклузивни права со „Конами“, па нивниот клуб е претставен во вистинско светло на популарната видео игра „ПЕС“.

Сега од компанијата за видео игри направија невиден лапсус затоа што во своето видео со кое ја најавуваат новата „ПЕС 21“ најавија едно големо засилување на Арсенал.

Арсенал во моментов е меѓу фаворитите за ангажман на бразилскиот фудбалер од Челси, Вилијан, но работата се уште не е готова.

Се очекува се да биде завршено до крајот на оваа недела кога Вилијан и официјално ќе избере каде сака да ја продолжи кареирата.

Сепак, во видеото кое трае седум секунди, „Конами“ случајно или не го „облече“ Вилијан во дресот токму на Арсенал.

Дали од компанијата знаат нешто повеќе околу трансферот останува да видиме во следните неколку денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг