Носите платнена маска? Таа е неефикасна ако заборавате да го правите ова

Точка

05/08/2020

15:19

7.444

Големина на фонт

а а а

Многумина наместо еднократните маски се одлучуваат за платнени бидејќи тие можат да се користат повеќе пати.

Меѓутоа, постои една ситница во врска со нив на коja многумина забораваат. Имено, морате да ги перете секој ден, особено ако се занимавате со работа која бара целодневно носење на маска. Ако не го правите тоа, ризикувате сериозни последици на кожата во вид на акни кои веќе го добија прекарот “maskne”. 

“Носењето на маската ја прекрива кожата и создава топло, влажно опкружување кое го намалува протокот на кислород до кожата и резултира со појава на акни и други кожни проблеми. Покрај сето тоа, фактот дека носниот секрет се задржува во внатрешноста на маската подолг временски период и e во близок контакт со кожата, може исто така да го зголеми бројот на бактерии на кои е изложена вашата кожа, а тоа пак да резултира со појава на флеки”, предупредуваат експертите.


Покрај проблемите со кожата, неодржувањето на маската чиста може потенцијално да влијае и на вашето здравје – со зголемен ризик од зараза од коронавирус ако маската стане неефикасна.

Подеднакво е важно секојдневно да ја перете маската за да го спречите потенцијалното ширење на коронавирусот и развојот на други микроби. Ако не ја перете маската секој ден, создавате бактерии и потенцијални микроби што ја прави маската неефикасна. Маската можете да ја стерилизирате во машина за перење алишта или да ја исперете во врела вода.

Исто така имајте на ум дека и платнените маски имаат рок на траење. Ако забележите дека материјалот е избледен или скинат, фрлете ја, пишува “Metro”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг