Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Макфакс

05/08/2020

13:53

3.877

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Направени се 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.

Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 23, во Струга – 11, во Штип – 10 и во Куманово и Охрид по осум.

Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола.

Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и Кичево се потврдени по два нови случаи, и по еден во Кавадарци и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од кои најголем број се од Скопје – 57 и Свети Николе – 10.

Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.



Спонзорирани линкови

Маркетинг