Се огласи заводникот од „365 Days“ чие семејство е во Бејрут: „Моите синови утре ќе се вратат во Италија“

Точка

05/08/2020

13:38

4.093

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот актер Микеле Мороне (29), за кој девојките ширум светот полудеа поради улогата во еротскиот филм „365 Days“, се огласи на Инстаграм после големите експлозии во Бејрут.

Има десетици мртви и илјада повредени во Бејрут после експлозиите кои се случија доцна попладне во вторникот, а стравичните снимки ги преплавија социјалните мрежи.

По тој повод се огласи и актерот со оглед дека неговите синови Маркус и Бранд се со нивната мајка, дизајнерката Руба Садех и моментално живеат во Бејрут, а во последната објава на загрижените фанови им порача дека сите се добро.


„Ви благодарам многу за сите пораки. Моите деца се на сигурно и моето семејство е добор. Утре ќе се вратат во Италија. Ве сакам“, порача Мороне.

На Инстаграм го следат 9,6 милиони корисници, а тој секојдневно им се обраќа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг