Сите погрешно го приготвуваме болоњезе сосот: Италијански готвач го открива правилниот рецепт за совршена паста

Точка

05/08/2020

12:54

4.597

Големина на фонт

а а а

Познатиот италијански готвач Џино Д’Акампо открил дека повеќето луѓе погрешно го приготвуваат сосот за болоњезе.

Покрај погрешни тестенини, многумина додаваат и непотребен зеленчук и зачини. Тој исто така открил дека би требало да се користат повеќе видови месо за да се добие посакуваната текстура и вкус. 

- Најпрво, наместо шпагети, би требало да користите талјатели.

- Во тавче испржете ситно сечкан кромид, целер и морков.

Традиционално, болоњезе сосот се припрема со јунешко и свинско месо.


“Свинското месо ќе даде волумен и вкус, а јунешкото месо - текстура”, вели Д’Акампо.

- Кога месото ќе биде готово, треба да се додаде една посебна состојка – млеко! Така месото ќе омекне, а ќе добие и подобра текстура.

- Покрај млеко треба да додадете и вино, заедно со пилешки или говедски бујон. Овие три состојки треба да се готват малку подолго за да не биде сосот кисел.

- Последниот совет на Џино е да го изоставите доматот, кој инаку често се додава во сосот.


- Наместо домати, би требало да додадете малку каша или концентрат од домати, а целиот сос треба да го оставите да се готви 3 часа на тивок оган.

- Поклопете го со капак и оставете да се вари час и половина, со мешање на секои 15 минути.

- По час и половина, тргнете го капакот. Послужете го сосот со сварени талјатели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг