Ракот на панкреас е најтежок за откривање: Ова се најраните знаци дека опасната болест го разорува телото

Точка

05/08/2020

12:17

5.862

Големина на фонт

а а а

Долг вкупно 15-тина центиметри и скриен зад желудникот, главната задача на панкреасот е да ви помогне да ја сварите храната и да го контролирате нивото на шеќер во крвта.

Ракот на панкреас е многу смртоносен, а истиот е исклучително тешко да се препознае. Луѓето обично ги занемаруваат првите симптоми сè додека ракот не се прошири и на другите органи. 

Доколку забележите некој од следниве симптоми, одете на доктор и проверете дали е сè во ред со вашиот панкреас.

Вака се манифестира оваа опасна болест:

Очи и кожа со жолта боја

Кога кожата и белките ќе станат жолти, тоа никогаш не е добро. Тоа може да укажува на мноштво здравствени проблеми помеѓу кои и алкохолизам, откажување на црниот дроб и рак на панкреас. Без оглед на причината, ова е еден од симптомите кој никако не би требало да го игнорирате.


Надуеност

Надуеноста по пообилен оброк е нормална појава, но ако таквата состојба трае со денови, тоа е знак на предупредување. Како што растат туморите на панкреасот, тие можат да предизвикаат растегнување на стомакот. Ова обично е еден од првите симптоми кои жените го забележуваат, но често го игнорираат бидејќи не ја сметаат надуеноста за некој голем проблем.

Губење килограми

Губењето на апетитот што го предизвикува ракот на панкреас може да доведе до брзо губење на тежината. Губењето на килограмите кое би требало да ве загрижи е губење на повеќе од 5% од тежината во период од 6 месеци до една година. Доколку не можете да го објасните губењето на тежината со некоја друга причина, обратете се на лекар.

Болка во долниот дел на грбот

Како што расте туморот на панкреасот, тој не врши притисок само на внатрешните органи туку и на долниот дел на ‘рбетниот столб и грбните мускули, предизвикувајќи константна, тапа болка.


Темна боја на урината 

Темната боја на урината е знак на дехидратација, но честопати е и првиот знак на жолтица кој луѓето го забележуваат. Туморот предизвикува намалено излачување на жолчката и зголемување на нивото на билирубин во крвта, па затоа урината добива кафеава боја. Доколку зголемениот внес на вода не ја врати бојата на урината на нејзината нормална боја, јавете се на доктор.

Болка во стомакот

Иако се чини дека нема потреба да се загрижите за болката во стомакот, факт е дека тоа може да биде еден од раните симптоми на рак на панкреас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг