Грин за првпат проговорел за врската на својата поранешна сопруга Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели

Кармин

05/08/2020

11:25

4.243

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс го остави својот сопруг Брајан Остин Грин, а сега е во врска со раперот Машин Ган Кели.

Актерот познат по серијата “Beverly Hills 90210” ја отворил својата душа во подкастот “The Hollywood Raw” во кој раскажал дека за романсата на неговата сопруга и нејзиното ново момче дознал сам. 

“Дознав на мој начин. И тоа е единствениот детаљ кој ќе ви го откријам. Не читав за тоа или нешто слично”, изјавил Грин.


Брајан беше во брак со Меган од 2010 година и со неа има 3 деца – синовите Ноа Шенон, Боди Рансом и Џорни Ривер.


Остин Грин наведува дека не сака да се оптоварува со новинарските наслови кои се поврзани со романсата на неговата поранешна сопруга и раперот.

“Се трудам да не читам ништо и да не се мешам во тоа. Само ја спуштив главата надолу и се фокусирам на децата. Знам дека и таа (Меган Фокс) го прави истото”, заклучил актерот. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk