Трамп го шокираше светот после експлозијата во Бејрут: Тоа беше бомба, генералите ми кажаа...

Точка

05/08/2020

09:09

5.618

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генералите на американската армија му пренеле дека вчерашната експлозија во Бејрут, во која настрадаа стотина лица била предизвикана од „некаков вид на бомба“.

„Се сретнав со некои од нашите генерали и се чини дека тие мислат дека тоа не било нешто предизвикано од некаква фабричка експлозија. Тие мислат дека станува збор за напад. Беше тоа некаков вид на бомба“, изјави Трамп, пренесува "Associated Press".

Засега не е позната точната причина за експлозијата во магацинот на бејрутското пристаниште.

Либанските власти соопштија дека експлодирале 2,750 тони амонијак кој повеќе години бил складиран на пристаништето без притоа да се внимава на безбедносните прописи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг