Латинска Америка стана најголемото жариште на коронавирус на светот

Точка

03/08/2020

13:52

2.402

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот и натаму забрзано се шири насекаде низ светот, а ново најголемо жариште стана Јужна Америка.

Само во текот на вчерашниот ден, бројот на заразени во Аргентина надмина 200 илјади, а дневниот број на починати во Колумбија расте од ден во ден. Целиот континент забрзано се приближува кон бројката од 5 милиони заразени.

Во текот на викендот, вкупната бројка на лица починати како последица на коронавирусот надмина 200 илјади, а бројот на заразени нагло се шири во земјите кои не применуваат строги рестрикции.


Латинска Америка претставува околу 8% од светската популација, а веќе има околу 30% од вкупниот број на заразени и починати како последица на коронавирусот.

Далеку најтешко погоден е Бразил со регистрирани 2,73 милиони случаи и вкупно повеќе од 94 илјади смртни слуачи. На глобално ниво Бразил е втората најтешко погодена земја, веднаш зад Соединетите Американски Држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг