Имобиле: Соништата се остваруваат, горд сум што влегов во историјата

Дерби

02/08/2020

17:13

1.542

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот репрезентативец, Чиро Имобиле по добро ќе ја памети натпреварувачката 2019/2020 во која даде 36 голови во Серија А што беше доволно за да ја освои наградата за најдобар стрелец во шампионатот, но и да ја освои „Златната копачка“ на Европа.

Воедно напаѓачот на Лацио со 36 погодоци дојде до уште еден рекорд, се израмни со Гонзало Игуаин за најмногу дадени голови во една кампања во италијанската елитна конкуренција. 

-Јас сум супер среќен и горд на тоа што го постигнав, особено кога ќе погледнам таму каде започнав и сè што поминав. Ако навистина верувате, понекогаш, соништата се остваруваат. Можам само да им се заблагодарам на тренерот и персоналот, моите соиграчи и можам да ве уверам дека овие рекорди се за целиот тим.

-Им благодарам на навивачите на Лацио, кои ме натераа да се чувствувам неопходен за овој тим и јас сум толку горд на тоа. Сакам да бидам жив пример дека ако никогаш не се откажете, можете да дојдете до било која цел. Јас сум многу горд што го имам моето место во историјата на овој спорт. Многу ме допре начинот на кој соиграчите ме поздравија во соблекувалната по хет-трикот со Верона. Спортот е токму за тоа, -истакна Имобиле кој смета дека Лацио може да се подобри.

-Нашата цел е да се подобриме, иако ќе биде многу тешко со сосема друго натпреварување како Лигата на шампионите. Бевме добри и не беше лесно, -порача Чиро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг