Стилизирани од глава до пети и во 9-та деценија: Од оставената облека во перална креираат совршени модни комбинации

Кармин

31/07/2020

12:11

1.318

Големина на фонт

а а а

Еден постар брачен пар од Тајван е доказ дека влегувањето во подоцнежните години од животот не значи нужно и негрижа за модниот стил.

83-годишниот Ван-Ји и неговата 84-годишна сопруга Шо-Ер се сопственици на перална за облека, а токму благодарение на тоа, тие имаат прилика да создаваат оригинални модни комбинации кои ги импресионираат сите љубители на добриот стил. 


Парот носи облека кои луѓето ја оставаат во пералната за перење, а потоа не се враќаат по неа. Некои од парчињата кои тие ги носат се стари и по неколку години, а има и такви кои останале во пералната подолго од една деценија.

Бидејќи не се врзани за трендовите, Ван-Ји и Шо-Ер имаат целосна слобода да комбинираат парчиња облека од различни децении на еден несекојдневен начин. Тие не само што имаат добар вкус туку и знаат како да ја носат облеката и да позираат за фотографирање.


Во тоа можете да се уверите и со преглед на нивните фотографии на Инстаграм, а кога ќе го направите тоа, ќе ви стане јасно зошто овој тајвански брачен пар има повеќе од 570.000 следбеници на оваа социјална мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk