Маска за лице од компир: Ја ублажува надуеноста и ги брише флеките и подочниците како “од шега”

Кармин

31/07/2020

11:56

2.058

Големина на фонт

а а а

Освен што го користиме во исхраната, компирот е многу делотворен природен козметички препарат кој може да помогне во бројните проблеми со кожата.

Компирот содржи висок процент на витамин Ц кој помага во избелување на пегите и флеките од сонце или акни, а исто така учествува во создавање на колаген кој ѝ дава цврстина и еластичност на кожата. Богат е со протеини кои го активираат процесот на регенерација на клетките на кожата и го забрзуваат зараснувањето на раните. 

Покрај тоа, компирот содржи и витамин Б1 и Б2, скроб, калиум и калциум кои ја хранат и негуваат кожата. Сировиот компир ги ублажува и најупорните темни кругови околу очите, а маската за лице од компир ефикасно ја избелува кожата и го забавува процесот на стареење.


Оваа маска од компир лесно се припрема, а сè што ви е потребно е компир и морков, куркума и бадемово масло. Морковот е извор на бета каротен кој ја подмладува кожата, го спречува настанувањето на брчки и го поттикнува избелувањето.

Начин на припрема:

Сварете помал излупен компир и еден помал морков, а потоа изгмечете ги и додајте ¼ лажичка куркума и половина лажичка бадемово масло. Мешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја маската на претходно исчистено лице и оставете да делува 15 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода.

Повторувајте ја постапката најмалку еднаш неделно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk