Од Mercedes, новиот модел го означуваат како „компактно градско комби за семејства, љубители на активен одмор и работа“.
Производителот од Штутгарт преку својоето Mercedes-Benz Vans семејство на купувачите им нуди модели од мал, среден и голем сегмент, а за основата на новиот T-Class е употребена платформата од сегментот на малите комби возила.
Mercedes T-Class во гамата на германскиот производител е позициониран под моделот V-Class кој го покрива сегментот на комби возила од средна големина, а во продажните салони ќе пристигне во 2022-ра година.
Покрај конвенционалните погонски системи, во понудата ќе има и целосно електрична верзија на T-Class.
Во сегментот на малите комби возила, Mercedes од 2012-та година го претставува моделот Citan кој настана во соработка со Renault.