Точка ТВ: Мрачните тајни на најголемиот комичар на сите времиња – Чарли Чаплин, имал морничава склоност

Точка

24/07/2020

20:45

9.441

Големина на фонт

а а а

Режисер, актер, сценарист, продуцент... Најголемиот комичар на сите времиња, икона на немиот филм - Чарли Чаплин, едно од најпрепознатливите лица вo историјата на филмот.

Малку е познато дека легендата на немиот филм имала необична склоност кон многу помлади девојки, а доказ за тоа е фактот што повеќепати се венчал со тинејџерки.

Неговата прва сопруга Милдред Харис имала само 16 години кога се венчала со Чаплин кој што тогаш имал само 29 години.

Во тоа време Чаплин фантастично заработувал така што почетокот на нивниот брак ѝ донел на госпоѓата Чаплин личен возач и отворена сметка во најпрестижните бутици во тоа време.

За време на снимањето на филмот „Ден за уживање“ во јули 1919-та година Милдред на свет донела дете кое што по три дена починало.

Чаплин не ја сакал својата прва сопруга, а кога дознал дека нивното дете починало се отселил од заедничката вила, а набрзо стигнало и барањето за развод.

Неговата втора сопруга Лита Греј, почнала да глуми во филмовите на Чаплин на само 12 години, на 15 забременила, а на 16 се венчала со него.

Чаплин тогаш имал 35 години, но се развеле во 1928-та година бидејќи Чаплин ѝ понудил сума пари за да абортира.

Воедно тоа бил најскапиот развод во тоа време и чинел 850.000 долари.


Својата последна сопруга, тогаш 17-годишната Уна ја запознал на 15 годишна возраст.

Таа била ќерка на американскиот писател Јуџин О'Нил. Таа со него била до неговата смрт, а му родила осум деца. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk