Никогаш нема да дознаеме како функционирал неговиот брилијантен ум, но сè што зборувал и создавал е доказ за тоа.
На Никола Тесла можеме само да му се восхитуваме затоа што размислувал барем 100 години побрзо од останатиот дел од човештвото кое што живеело во негово време.
- Човекот е роден да работи, трпи и да се бори. Кој така не постапува, мора да пропадне.
- Ние сите сме едно. Луѓето меѓусебе се поврзани со невидливи мисли.
- Цврсто верувам во правилото компензација. Вистинските награди секогаш се во размерот со работата и жртвите.
- Дарот на менталната енергија доаѓа од Бог, врвно битие, а доколку ние ги концентрираме нашите мисли во таа вистина, стануваме складни со оваа голема моќ.
- Доколку имам среќа да остварам некоја од своите идеи, тоа ќе биде добробит за целото човештво.
- Не ми е жал што ми ги крадеа идеите, туку што немаат свои.
- Вашата омраза претворена во електрична енергија може да осветли многу градови.
- Мирот во светот може да дојде како природна последица на универзалното просветлување.