Јанушев: Народот избра обнова, влегуваме во трка за составување на нова влада

Нетпрес

16/07/2020

01:39

3.801

Големина на фонт

а а а

Победивме во голем број на општини, во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Велес, Градско, Охрид, Илинден, Петровец… Факт е дека промените народот ја посакува обновата, а не коруптивна и криминална влада, изјави пред малку Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Опозицијата има повеќе гласови од партиите на власта. Влегуваме во трка за составување на нова влада, за составување мнозинство на нова влада“, рече Јанушев и најави подетални информации откако ќе се добијат официјалните резултати од предвремените парламентарни избори.

Јанушев рече дека резултатот е тесен и уште неизвесен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг