СДСМ слави во Центар: Николовски тврди дека имаат водство од 3 мандати

Точка

16/07/2020

01:28

2.823

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Фејсбук објави дека коалицијата „Можеме“ е во водство од три мандати во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека во ДИК и натаму пристигнуваат резултатите од избирачките места, во СДСМ се слави. Генералниот секретар Николовски на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека според партиски извори, СДСМ има водство од плус тројца пратеници во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, во повеќе градови низ Македонија симпатизерите на СДСМ ја слават победата, а посебно бурно беше во скопски Центар каде што СДСМ славеше во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Видео од прославата со бакљи објави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој порача дека според неофицијални информации, коалицијата „Можеме“ само во Центар победила со над 4300 гласови разлика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг