Жените родени во овие три хороскопски знаци се најдобри сопруги

Точка

15/07/2020

20:04

5.767

Големина на фонт

а а а

Хороскопските знаци многу може да откријат за нечиј карактер, па не е чудо што многу мажи сакаат да го проучат хороскопот во обид да одредат колку си одговараат со својата партнерка.

Бирањето животен партнер не е нималку едноставно, а секој од хороскопските знаци има свои мани и доблести. Сепак, некои од нив се високо на листата на најпосакуваните животни парнери.

Рак

Кога еднаш ќе го освоите Ракот, тој ќе ве сака речиси безусловно и ќе биде спремен дури и на крајот на светот да отиде за вас и со вас. Неговите чувства секогаш се интензивни. Тој е спремен да направи сè за неговиот избраник да биде најсреќниот човек на светот.


Лав

Лавицата е силна и остра. Оваа жена има неверојатна сила, но исто така ѝ е потребен некој на кој може да се потпре. Таа бара некој еднаков на себе, па покрај неа партнерот нема да биде само обичен човек, туку и ќе ја зголеми својата самодоверба. Таа и за своите деца се бори како Лавица. Секога ќе биде тука и ќе внимава. Тешко на оној кој ќе се обиде да им направи или каже нешто лошо.

Јарец

Силната и упорна жена родена во знакот на Јарец може да го освои секој маж. Она што повеќето би ги скршило и натерало да се откажат, припадничката на овој знак ќе го износи тоа ненаметливо и достоинствено. Со неа секој ден неприметно партнерот станува сè подобар и подобар. Таа е онаа која секогаш го сака партнерот и покрај неа човек станува стабилен, вреден и одговорен. Таа не живее во фантазија, туку стои цврсто на земја и добро знае што и од кого може да очекува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг