Ели и Каспар пред развод? - после 11 месеци брак повеќе не живеат заедно, а кога ќе дознаете зошто...

Точка

15/07/2020

19:09

5.574

Големина на фонт

а а а

Ели Голдинг и Каспар Џоплинг 11 месеци откако се заколнаа на вечна љубов - повеќе не живеат заедно.

Со овој потег ја вознемирија јавноста и се покренаа гласини дека се разведуваат. Меѓутоа, позади сето тоа се крие необична причина.

Имено, Ели ја сака својата слобода и самостојниот живот, пренесуваат странските медиуми, па дури ни во бракот не сакала тоа да го загуби, со што нејзиниот сопруг очигледно се согласува.

„Го сакам сопругот, но се сакам и себеси. Можам да читам, да одам на трчање, да јадам и да бидам неуредна. Супер е да имате партнер со кој не сте 24/7, дури и кога сте венчани“, објасни таа во една прилика.

Сепак, како што и понатаму се наведува, до ова решение дошле откако таа му признала дека не сака деца, бидејќи моментално е фокусирана исклучиво на кариерата. Од таа причина гласините за развод продолжуваат да се шират.



Спонзорирани линкови

Маркетинг