Мите Цикарски потпиша за бугарски прволигаш

Дерби

15/07/2020

17:32

2.214

Големина на фонт

а а а

Мите Цикарски во новата сезона ќе го носи дресот на бугарскиот прволигаш Ботев, објави клубот од Пловдив.

Левиот бек последно настапуваше за Академија Пандев, но сега реши да прифати уште едно интернационално искуство и се сели во Ботев.

Македонскиот интернационалец потпишал двегодишен договор со „канаринците“, кои денеска го претставија како важно засилување за новата сезона. 

Цикарски досега надвор од Македонија настапуваше и за Газ Метан, Етникос и Јанина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг