ВИДЕО: Инцидент во Тетово – советник на Чулев физички нападнал началник од Тетово

Точка

15/07/2020

17:17

8.740

Големина на фонт

а а а

Државниот советник на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓиевски, го нападнал началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, сведочат лица кои што се нашле на лице место на инцидентот, пренесува Локално.мк

Од видеата кои биле испратени во тамошната редакција може да се види агресивното однесување на советникот на министерот Чулев, а поради интервенцијата на уште неколку униформирани лица, не дошло до посериозен инцидент.

Инцидентот започнал со вербална расправија, а причината поради која што дошло до физичка пресметка на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „120“ пред локалната кафетерија, засега е непозната.

Инаку, советникот Ѓорѓиевски на македонската јавност ѝ е познат по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час.

Тој досега не е казнет поради тоа. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг