Ова се најпопуларните кучиња на Инстаграм, а кога ќе ги погледнете фотографиите ќе ви стане јасно и зошто

Точка

14/07/2020

18:54

3.535

Големина на фонт

а а а

Освен инфлуенсерите кои ја стекнаа својата популарност благодарение на социјалната мрежа Инстаграм, постојат и неколку кучиња кои имаат милиони следбеници.

Нивните сопственици речиси секојдневно објавуваат интересни фотографии и видео записи во кои уживаат љубителите на кучиња ширум светот. 

Тие се забавни, слатки и неодоливи, а ние во продолжение ви издвојуваме 5 Инстаграм ѕвезди:

“Jiffpom” е најпопуларното куче на Инстаграм со над 10,5 милиони следбеници. Ова симпатично куче е добитник на наградата “E! People’s Choice Awards”, а се појави и во музичкиот спот на Кејти Пери – “Dark Horse”. Исто така, “Jiffpom” има соборено и два Гинисови рекорди за трчање на предни и задни шепи.

“Doug The Pug” има 4 милиони следбеници. Исто така, популарен е и на Твитер, Фејсбук, Јутјуб и ТикТок. Има и своја веб-страница, книга и сопствен бренд.

“Marutaro” е Шиба Ину со 2,5 милиони следбеници. Во над 10 илјади објави, ова куче е прикажано во бројни слатки ситуации и пози.

На четвртото место е “Tecuaniventura”, булдог блогер. Живее во Русија, а симпатиите на фановите ги освоил пред сè преку разните костими во кои неговиот сопственик го фотографира.

“Tuna” е куче со 2,1 милион следбеници. Овој профил промовира позитивни пораки и ја поттикнува свеста за здруженијата кои се занимаваат со спасување на животни. “Tuna” е многу симпатично кученце, а неговите секојдневни објави добиваат и по десетици илјади лајкови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг