Дизајнерка покажала неверојатна трансформација на тело: Верувате ли дека ова е дело на природата или не?

Точка

14/07/2020

17:26

6.662

Големина на фонт

а а а

За шест години нејзиното тело добило целосно поразличен облик...

Дизајнерката и модел Кристина Ирби од Австралија со своите следбеници споделила фотографии на кои што ја покажала неверојатната трансформација.

За шест години таа се здебелила и добила раскошни облини.

На својот Инстаграм профил објавила две фотографии и така го споредила своето тело, некогаш кога имала 54 килограми и била слаба, а сега нејзиното тело има неверојатен облик.

Ирби, која што е сопственичка на бренд за костими за капење, истакнала дека не правела никакви хируршки зафати и дека нејзиното тело е резултат на напорното тренирање.

„Телото природно ми ''порасна'' и ми стана посилно, вложив многу љубов и напорна работа“ - истакнала убавицата од Австралија.

Фотографиите кои што ги споделила неодамна на социјалните мрежи добиле илјадници коментари кои што нејзината трансформација ја опишале како ''неверојатна''.

Карина се присетила дека очајнички се обидувала да го одржи телото витко, но кога добила неколку килограми плус конечно почнала да се чувствува задоволно.

„Моето тело се промени во текот на годините, а кога ќе ги погледнам фотографиите полудувам. Некои коментираат дека сум дебела, а јас сум само среќна и здрава“ - изјавила таа.

Дали мислите дека оваа девојка навистина успеала природно да постигне вакви облини или пак за тоа е заслужен некој хирург?



Спонзорирани линкови

Маркетинг