Една од најпосакуваните жени на светот се соблекла во бикини и се пофалила со цврстите стомачни мускули

Кармин

14/07/2020

15:16

5.128

Големина на фонт

а а а

49-годишната Падма Лакшми е спремна за плажа – една од најпосакуваните жени на светот според изборот на многу мажи, се соблекла во бикини и споделила неколку фотографии со своите фанови.

Падма јасно дала до знаење дека е во одлична форма и дека доследно тренира, а целото внимание било насочено на нејзиниот затегнат стомак. 

Фановите нижеле комплименти, порачувајќи ѝ дека “поради неа, педесеттите изгледаат како дваесетти”.

Во што се крие нејзината тајна? Прескокнување на јаже, кое ѝ е најомилената вежба за фит тело, открила таа во една прилика за магазинот “Women’s Health”.

Индијката внимава и на исхраната – за појадок пие незасладен чај, а за десерт консумира боровници, лубеница и мандарини.


“Во нашиот дом се готви еден свеж оброк дневно и тоа вообичаено е вечерата. Готвам повеќе, па останува и за следниот ден за ручек”, појаснила Лакшми. “Најчесто тоа е пилешко месо со ориз или грашок”.

Сeтоа ова се чини како скромен, но ефикасен режим за витката линија на индиската манекенка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk