Британците стравуваат од втор бран: Црни прогнози за следната зима...

Точка

14/07/2020

12:31

1.560

Големина на фонт

а а а

Научниците сугерираат дека во Велика Британија во вториот зимски бран како последица на коронавирусот би можеле да починат околу 120 илјади луѓе. Најцрните бројки се движат од 24,500 до 251 илјади починати во јануари и февруари идната година.

До денес во Велика Британија од коронавирус починаа нешто помалку од 45 илјади луѓе, а научниците сугерираат дека ризикот би можел да се намали само доколку веднаш бидат преземени мерки.

Во извештајот кој го побарал главниот научен советник на Велика Британија, Патрик Валанс се нагласува дека се уште постои висок степен на неизвесност во врска со тоа како ќе се одвива пандемијата на коронавирусот оваа зима.


Истражувањата досега покажаа дека вирусот може подолго да преживее на пониски температури, а веројатно ќе се шири и побрзо со оглед на тоа што на зима луѓето повеќе време ќе минуваат во затворен простор.

Професорот Стивен Холгејт, респираторен специјалист од Универзитетската болница во Саутемптон изјави дека моделирањето сугерира дека смртноста би можела да биде поголема со новиот бран на коронавирусот оваа зима. Според него, со оглед на тоа што моментално во Велика Британија има мал број на заразени, сега е идеалната шанса земјата да се подготви за вториот бран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг