Веројатно кога ќе го слушнете името Линдзи Пелас нема да ви значи ништо, но оваа девојка за помалку од 30 години изградила неверојатна кариера во повеќе области.
Особено е интересно тоа што морала да ја заврши УФЦ кариерата поради преголемите гради.
Да, добро прочитавте. Токму тоа била причината поради која што одлучила да ѝ каже ''збогум'' на спортската кариера, а потоа станала Плејбој зајачица.
Таа одненадеш донела одлука, кратко велејќи:
„Одлучив да го напуштам УФЦ“ - кога тоа го изустила, следело и прашањето ''зошто?''.
Причината биле нејзините огромни гради.
„Не можам повеќе. Ми ја отежнуваат работата. Не е лесно“ - била целосно искрена таа.
Американските медиуми пренесуваат дека градите ѝ биле тешки 10 килограми, а поради тоа имала проблем со грбот.
Ги напуштила спортските води и се посветила на социјалните мрежи на кои што има милиони следбеници.