Солскјер даде искрен коментар за играта на Јунајтед по болното реми со Саутемптон

Дерби

14/07/2020

10:59

1.483

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед беше провизорно на третото место во Премиер лигата во 95-та минута од мечот со Саутемптон, но 60 секунди подоцна, тимот од „Олд Трафорд“ одново падна на петтот место откако прими гол длабоко во судиското надополнување.

Она што требаше да претставува исклучително важна победа во битката за место во Лигата на шампионите, на крајот се претвори во реми против Саутемптон (2:2), бидејќи избраниците на Оле Гунар Солскјер не издржаа и примија гол од Обафеми.

Примениот погодок во 96-та минута имаше исклучително горчлив вкус во ситуација кога киксираа и Челси и Лестер, но Солскјер по крајот на средбата на „Олд Трафорд“ беше навистина искрен и нагласи дека Саутемптон заслужил да освои бодови во дуелот со неговиот тим.

– Мислевме дека ги имаме трите бода во џебот, но овојпат не ги заслуживме бодовите. Саутемптон е добар тим, тоа е тим кој многу трча, кој постојано ве брка. Никогаш не бевме во посакуван ритам, одигравме фантастично во сегменти. Двата гола кои ги постигавме беа многу добри, но Саутемптон заслужи да однесе нешто од овој меч.

– Примивме гол во најлошо време, но тоа се случува во фудбалот. Многупати сме победувале на ваков начин, сето ова е нешто од кое мора многу да научи овој тим, – порача Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг